Битиќи: Македонија многу подобро се справува со енергетската криза од другите земји во регионот
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, смета дека има доволно аргументи за продолжиување на кризната состојба во енергетиката за уште шест месеци.
– Имаме доволно аргументи за да побараме шест месеци период на енергетска криза, бидејќи сметам дека граѓаните заслужуваат соодветно да бидат испочитувани со соодветни мерки за најмалку да ја почувствуваат кризата, рече Битиќи на собраниската комисиска расправа по владиниот предлог да продолжи кризната состојба до 30 април 2023 година.
Според Битиќи, прогласувањето кризна состојба ќе овозможи механизми за справување со кризата, а исто така нагласи дека според светските предвидувања кризата ќе трае најмалку до пролетта следната година.
– Треба да се побара кризна состојба во подолг временски период за да се креираат механизми за справување со евентуалната енергетска криза чиј извор не сме ние од Владата, туку е глобален феномен. Светските предвидувања се дека кризата ќе трае најмалку до пролетта следната година, рече Битиќи.
Според него, доколку Собранието одлучи дека не треба да се продолжи кризната состојба, во тој случај можноста навремено да интервенираат ќе биде невозможна.
Битиќи додаде дека Македонија многу подобро се снаоѓа во период на енергетска криза отколку земјите во регионот. За наша среќа, како што рече, нашите граѓани и стопанственици досега немаат минута недостаток на електрична енергија освен во регионите каде може да има одредена хаварија.
Останува нејасно како Македонија се справува со енергетската криза подобро од другите во регионот кога државата се’ уште преговара со Бугарија за набавка на доволна количина електрична енергија, граѓаните плаќаат енормно големи сметки за струја иако секојдневно штедат додека Владата набавува октоподи и морски плодови, веројатно како дел од мерките и препораките за штедење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…