Битиќи: Нова германска инвестиција во Македонија, утре потпишување на договорот

t

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски денеска заминуваат во посета на Франкфурт, по повод потпишувањето на договор за инвестиција на германската компанија за напредни батериски системи БМЗ во Македонија.

Договорот ќе биде потпишан утре во седиштето на компанијата од извршниот директор и основач на БМЗ Свен Бауер и од директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Деспотовски, во присуство на вицепремиерот Битиќи и Јелица Ивановска, генерален менаџер на БМЗ Македонија.

Антје Ванделт, директорка на АХК Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори, во мај годинава најави дека компанија за напредни батериски системи ќе биде следната германска инвестиција во државава, информирајќи дека ќе стартува како браунфилд, на постоечки објект, по што ќе инвестира во нов капацитет.

– Тоа е компанија која произведува батерии за мопеди, тротинети и други помали производи од индустријата. Бидејќи им се брза и сакаат што поскоро да започнат со производство, инвестицијата ќе биде браунфилд, што значи дека ќе превземат некоја постоечка фирма која има готов објект, а потоа ќе одат на гринфилд инвестирање, најави Ванделт.

Битиќи и Деспотовски во Франкфурт ќе учествуваат на тркалезна маса со германски стопанственици пред кои ќе го претстават инвестицискиот потенцијал на Македонија.

Според истражувањето за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Македонија (АХК) и Македонско – германското стопанското здружение, објавено во јуни годинава, 80 проценти од постојните германски инвеститори повторно би инвестирале во државава.

Во анкетата, спроведена во февруари и март годинава со учество на 45 од вкупно 150 членки на здружението, 80 проценти од анкетираните навеле дека сакаат да ја прошират инвестицијата, како и да го зголемат бројот на работни места во државава.

Германија е првиот од петте трговски партнери на Македонија според вкупниот обем на надворешно-трговската размена. Размената лани достигна 4,8 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…

Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…

ИФО: Редовниот воен рок може да ја…

Темата за враќање на обврската за отслужување…