Битиќи: Продолжуваме со силна поддршка на домашната економија
Во оваа година, кон стопанството, во форма на директна државна помош, од страна на буџетот, преку Законот за контрола на државна помош од Владата и од ДТИРЗ се исплатени 19,5 милиони евра, преку инструментите на ФИТР исплатени се вкупно 16 милиони евра, додека за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции исплатени се 13 милиони евра. Вкупно преку овие мерки за поддршка, само во 2021 година, македонското стопанство е подржано со 48,5 милиони евра. Да посочам дека само овие денови кон стопанството се вбризгани 16,8 милиони евра – изјави на прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Тој се осврна на договорите по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои се дел од портфолиот на неговиот Кабинет.
Преку овој Закон во изминатите четири години, колку што се спроведува оваа мерка, склучени се договори за поддршка со 353 компании. Оваа година пристигнаа барања за исплати од 225 компании, пришто е исплатена поддршка од 800 милиони денари или околу 13 милиони евра.Овие компании, само во 2020 година, која да не заборавиме е пандемиска година, имаат реализирано инвестиции од над 70 милиони евра. И во оваа, како и во претходната година, кон компаниите државната помош ќе биде исплатена 100 проценти – нагласи Битиќи.
Вицепремиерот потсети дека претходно годинава беа направени измени во Законот, со кои, преку воведените афирмативни мерки, компаниите добиваат дополнителен стимул за рамномерен регионален развој, односно, поголем процент на поддршка добиваат оние компании кои имаат инвестирано во помалку развиените плански региони. Само за рамномерен регионален развој, како што посочи Битиќи, оваа година компаниите ќе добијат поддршка во вкупен износ од 91,6 милиони денари, односно 1,5 милиони евра што изнесува 11,5 проценти од вкупната исплатена поддршка.
Сите тие форми на поддршка се уште еден силен доказ дека оваа Влада, како ниедна претходна, е посветена за поддршка на стопанството во насока на рамномерен регионален и забрзан технолошки развој, внесување на иновации и дигитализирање на процесите, што придонесува за поголема продуктивност и конкурентност на компаниите на домашниот и на меѓународните пазари. Изминатите четири и пол години, покажавме како се води грижа за стопанството, како се води грижа за компаниите. Не трошевме големи средства за непрoдуктивни трошоци, наместо тоа, се фокусиравме на тоа како да ги стимулираме компаниите да се прошируваат и да се надоградуваат, да го фатат чекорот со современите економски текови – потенцира Битиќи.
Тој нагласи дека ги избришале разликите помеѓу домашни и странски компании. Денес, како што посочи, сите компании кои работаат во нашата земја се наши, домашни компании, со исти услови и можности да добијат поддршка од државата.
За добивање на државна помош повеќе не се преговара во „четири очи“, туку целиот процес е отворен и транспарентен и сите однапред знаат каков вид на поддршка може да очекуваат кога ќе реализираат инвестиција. Ова креира предвидливост и стабилност за водење бизнис во нашата земја – вели Битиќи.
Вицепремиерот посочи дека во портфолиото на неговиот Кабинет за овие четири години имаат 353 договори за државна поддршка, кои се едногодишни па се до петгодишни, што, како што истакна, ако се спореди со претходните 30-ина, ќе се согласите е неспоредливо повеќе.
Тој нагласува дека дополнително, преку Фондот за иновации и технолошки развој, преку разните инструменти за поддршка, вкупно околу 780 проекти се поддржани.
Во услови на најголема криза, во 2020 година, за поголема конкурентност на компаниите, обезбедивме директна поддршка од 17,5 милиони евра, со кои поддржавме развојни проекти на точно 400 компании. Воедно, редовно ги сервисираме и договорите кои ги имаме со 35 компании кои работат во Технолошко-индустриските развојни зони и надвор од нив – вели Битиќи.
Тој истакнува дека ако се сумираат сите податоци, тоа е директна поддршка за околу 1.570 компании од нашата земја, најголемиот дел од нив се компании од производството и преработувачката индустрија, кои креираат додадена вредност.
Тоа се наши амбасадори на меѓународните пазари и ме радува што се повеќе македонски фирми се одлучуваат на овој чекор, да инвестираат во сопствениот развој и на тој начин да станат поконкурентни на интернационално ниво. Тоа е патот кон одржливоста, тоа е начинот да постигнеме и побрз економски развој, а со тоа и да креираме подобри услови за живот на сите граѓани – вели Битиќи.
Тој нагласува дека работат и на дополнително унапредување на комуникацијата со компаниите и овозможување на брзи, точни и едноставни информации за сите форми на државна помош.
Во оваа година започнавме со креирање на првиот Дигитален AI Асистент за државна помош. Овој асистент ќе се базира на вештачка интелигенција, ќе ги прави достапни сите информации, повици, процедури за добивање на државна помош, а во следна фаза и ќе комуницира дел од грижата за корисници за оние кои веќе ја добиваат. Ја дигитализираме државната помош за сите инвеститори со што целиот процес ќе биде уште потранспарентен, брз и ефикасен и она што за мене е важно информациите ќе бидат достапни за сите, со што ќе се оневозможат сите евентуални манипулации и злоупотреба со истите – вели Битиќи.
Вицепремиерот нагласи дека во насока на поддршка, раст и развој, веќе почнале да работат на мерки за ре-фокус на инвестициите во креирање на силни вредносни ланци на компаниите во нашата земја но и поврзување со целиот регион.
Ова е нашата конкурентна предност, која мораме да ја искористиме за да излеземе посилни и постабилни во пост ковид периодот – истакнува Битиќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Бајден повика на смиренот во американската нација:…
Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…
Од политичката партија „Левица“ велат дека се…