Битиќи: СДСМ изгуби зошто „стана повеќе клиентелистичка отколку вредносна партија

t

Поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи за „Трилинг“ оцени дека поразот на СДСМ на парламентарните избори се должи на внатрешна неорганизираност, занемарување на идеолошката матрица и на тоа што партијата „станала повеќе клиентелистичка отколку вредносна“.

На прашањето за евентуален судир помеѓу партиското раководство и пратеничката група, Битиќи истакна дека отворен конфликт нема, но дека постојат моменти на несогласување. „Јас понекогаш знам да бидам гласноговорник на несогласувањата, и тоа е убавината на СДСМ. Но преку разговори секогаш наоѓаме заеднички јазик за да ги претставиме интересите и вредностите на партијата“, рече тој.

Во однос на локалните избори, Битиќи посочи дека резултатите биле очекувани поради ниската излезност. „Ако ваков резултат се повтори на парламентарни избори, тоа е загрижувачки. Ова е моментот за сериозни концепциски промени во партијата, ако сакаме СДСМ да се врати таму каде што ѝ е местото – да владее со државата“, нагласи поранешниот вицепремиер.

Тој истакна дека реформите во партијата се неизбежни и мора да бидат длабоки. „Реформите не се само име и презиме. Тие значат целосно внатрешно реконфигурирање на начинот на кој функционира СДСМ“, додаде Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: СДСМ изгуби зошто „стана повеќе клиентелистичка…

Поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи за „Трилинг“ оцени…

Две странски државјанки изгубени на патот кон…

Преку единствениот број за итни повици 112…

Стигнува драстична промена на времето: Од топол…

По период на стабилно и потопло време…

Полска со предупредува до Украина: Толерирањето корупција…

Полскиот премиер Доналд Туск упати остро предупредување…

Трамп ќе го тужи „Би-Би-Си“: Ме измамија!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе…