Биткоинот може да достигне 700.000 долари?

t

Извршниот директор на BlackRock, Лери Финк говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Финк ја изрази својата увереност дека биткоинот може да достигне вредност од 700.000 долари, нагласувајќи го како безбедно засолниште во време на девалвација на валутите и политичка нестабилност.

Тој предвидува дека ова би било остварливо ако биткоинот добие поголемо усвојување од страна на суверените фондови и големите инвеститори. Според Финк, ако овие фондови одвојат 2% до 5% од своите портфолија во биткоин, цената би можела да се зголеми значително. Ова е поддржано од успехот на Bitcoin ETF на BlackRock, iShares Bitcoin Trust (IBIT), кој привлече милијарди долари, што ја потврдува зголемената заинтересираност од страна на институционалните инвеститори.

Во неговите изјави, Финк го опишува биткоинот како „дигитално злато“, инвестиција која може да обезбеди заштита од инфлација и девалвација на фиат валутите. Тој додава дека иако биткоинот е сè уште нестабилен, во иднина може да се развие во стабилна и безбедна инвестиција во економски несигурни времиња.

Сепак некои аналитичари сметаат дека цената од 700.000 долари би барала масовно глобално усвојување и поволни регулативи. Понатаму, биткоинската мрежа може да има проблеми со поддршка на големи обеми на трансакции, а геополитичките и монетарни фактори може да го потиснат растот на цената.

И покрај овие предизвици, Финкова визија за биткоинот ја нагласува неговата еволуција како важен играч на глобалниот финансиски пазар, при што инвеститорите треба да ги земат предвид и потенцијалните ризици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вредноста на Биткоинот падна за 1,79 проценти

Вредноста на Биткоинот падна за 1,79 проценти…

Биткоинот благо падна на 95.285 евра

Вредноста на Биткоин благо падна за 0,53…

Историски скок на Биткоинот – достигна над…

Криптовалутата достигна ново историско ниво Биткоинот ја…

Биткоинот во голем пад

Вкупниот обем на тргување со Биткоин во…

Повторно падна вредноста на Биткоинот

Цената на биткоинот денеска падна под границата…