Битолското обвинителство отвори предмет за мртвата мечка и фотографиите со заменик-директорот на „Македонијапат“
Основното јавно обвинителство од Битола денеска по допрен глас отворило предмет за случајот со застреланата мечка и фотографиите на кои позира Сашо Дранго, заменик-директор на „Македонија пат“, објави „Независен“.
„По објавата по медиумите, оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило. Обвинителството ќе се обрати до Здружението ‘Анима мунди’ да ни ги достават нивните материјали, како и евентуалните пријави кои ги доставиле до МВР или други државни институции“, изјави за „Независен“ обвинителката Оливера Нечаковска.
Фотографиите кои ги објави здружението „Анима мунди“, на која се гледа заменик-директорот на „Македонијапат“ и претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, како позира со пушка со оптички нишан и со мртвото животно, предизвикаа бурни реакции во јавноста. Сашо Дранго, во изјава за „Телма“ денеска тврдеше дека тој не ја застрелал мечката, туку таа била усмртена во сообраќајна несреќа, а тој бил на местото како дел од неговите работни обврски, па заедно со вработени во јавното претпријатие само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа.
„Сега пред еден месец имав случка и слика со мечка која на патниот правец Битола-Ресен беше усмртена при сообраќајна незгода. Па како вработен во ‘Македонија пат’ бев таму, за што има записник и во полициската станица во Битола и таа мечка ја отстранивме од коловозната лента во месноста Ротино, битолско. Станува збор за таа мечка која е на фотографијата“, изјави Дранго за „Телма“.
„Независен“, повикувајќи се на извори од СВР Битола, вечерва објави дека на тој пат имало сообраќајка и дека таа се случила на 4 ноември меѓу селата Цапари и Ротино, но била предизвикана од мало мече, а не од возрасна мечка како онаа со која се сликал Дранго.
„Таа фотографија со сите детали ни ја испратија на нашата електронска пошта. Исто така, ни кажаа дека имало и обид да се пријави, но тоа било скриено дури и од лица кои работат во МВР. Уште пострашен е фактот што се работи за носител на јавна функција, заменик-директор. Јас очекувам дека надлежните институции сериозно ќе се занимаваат со ова, добро ќе го истражат настанот и тој ќе одговара како што налага Кривичниот законик“, изјави Гизела Бошковска Георгиевска од „Анима мунди“.
Во Законот за дивечот и ловството, во членот 11 пишува дека мечката како дивеч е под заштита и секое нејзино ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането, додека во членот 14 е наведена трајната забрана за лов на мечки. За отстрел на мечка предвидена е и парична казна од 18.000 евра за мечка постара од две години, додека Кривичниот законик во членот 228 предвидува и затворска казна до три години за ловењето на дивеч под заштита.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битолското обвинителство отвори предмет за мртвата мечка…
Основното јавно обвинителство од Битола денеска по…
Научниците тврдат дека ја решиле мистеријата на…
Мистеријата за „вонземскиот“ сигнал откриен во 2022…
УХМР со предупредување: Врнежи од дожд и…
Утре во попладневните часови во западните делови…
Осомничениот за експлозијата на автомобилот пред хотелот…
Осомничениот за експлозијата на електричното возило „Tesla…
Американски воен аналитичар: Во случај на војна…
НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија во…