Битолчанецот Ристо Димитров – Чурино одбиен да настапи во својата родна земја
Битолчанецот Ристо Димитров – Чурино, по долгогодишни настапи и успеси со кои ја претставуваше Македонија на најголемите светски натпреварувања и донесе бројни медали, бил одбиен да се натпреварува во сопствената земја пред своите сограѓани.
Иако првично му била понудена борба на претстојниот настан, од Македонската ММА Федерација, предводена од претседателот Ивица Алексовски, му било соопштено дека нема да може да настапи бидејќи „претседателот не го сака на настанот“ – и тоа поради јавно предизвикување на борба, без навреди и пцовки, нешто што во светот на боречките спортови е вообичаена и професионална пракса.
Ристо упатува честитки до Armmada организацијата и нејзиниот претседател Дамир Михајловиќ, за кои вели дека се една од најдобрите и најпрофесионалните спортски организации во Европа. Тој им посакува успех и среќа на сите борци кои ќе настапат на претстојниот настан, со надеж дека ќе помине без повреди.
„Од сите мои натпреварувања, медали и успеси, каде што се развеа македонското знаме и се слушна за Македонија и за Битола – сето тоа го правев без никаква поддршка и без ниедна благодарница од страна на властите. Сега, кога и ова ми се случи, нека не се чудат зошто младите си заминуваат,“ вели Димитров.
Ристо повикува институциите и надлежните да обрнат внимание на начинот на кој се третираат спортистите кои го подигнале угледот на Македонија на светско ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битолчанецот Ристо Димитров – Чурино одбиен да…
Битолчанецот Ристо Димитров – Чурино, по долгогодишни…
Кафеаните за една година поскапеле пет отсто,…
Цените на угостителските услуги во јули годинава…
(Видео) Ништо од фер и спортско навивање…
Фудбалерите на Шкендија вечерва загубија Карабах со…
(Видео) Кој е убиецот од Психијатриската болница…
Димитар Спасов, кој во 2012 година ја…
Изгледа не е до времето: Катастрофални 26…
Во занесот на мојата политичка наивност, незрело…