Битолчанец загина во тешкаа сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Крушево

t

Маж загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21 часот на патот Прилеп-Крушево. Според информациите од МВР, загинатиот е 46-годишен маж од Битола, со иницијали Д.Т. кој управувал „киа“.

Тој се судрил со „ауди“ во кое бил 43-годишен прилепчанец. Мажот од Битола по несреќата бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде што починал, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Исто така, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Прилеп во возилото „ауди“, а возачот И.Б. и сопатниците И.Б.(38) од Прилеп и уште еден малолетник се здобиле со телесни повреди, кои им биле констатирани во Градска Болница-Прилеп.

Бил извршен увид од страна на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Индискиот премиер Моди ја одби поканата на…

Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам…

Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…

Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…

Се намалува инфлацијата во Еврозоната

Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше…

Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…