БиХ: Татко ја дал 12-годишнaта ќерка за „голф двојка“

t

Зголемен e бројот на присилни малолетнички бракови во Босна и Херцеговина. Ситуацијата е алармантна, а овие бракови најмногу се случуваат во сиромашните заедници кои живеат на раб на егзистенција, пренесува Телеграф. Александра Марин Диклиќ од канцеларијата на Народниот правобранител на БиХ укажува дека рамката на овој закон итно треба да се промени, со цел заштита на правата на малолетните лица.

Случаите за кои треба да се обрне посебно внимание се присилните бракови, чиј број во државата е загрижувачки голем, а овие бракови по договор можат да достигнат сума и до 15 000 конвертибилни марки(КМ), или 7.500 евра.

Стручното лице за заштита на деца од Тузла, Мирсада Бајрамовиќ истакна дека се сретнале со голем број на бракови од овој тип.

-Еден од најекстремните случаи е кога 12-годишно девојче е продадено за „голф двојка“ преку тој т.н. малолетнички брак. Исто така, имавме случај во девојче за жал е продадена за 1.500КМ. Цените за девојките во овие бракови се движат од 1.500 до 15.000КМ- истакна Бајрамовиќ.

Од тимот на Народниот правобранител додаваат дека одговорноста за спречување на овие присилни бракови не може да биде оставена само на училиштата и советуваат дека на нив треба да им помогне полицијата, како и центрите за ментално здравје.

Тие исто така ја истакнаа разликата помеѓу руралните и урбаните училишта, начинот на образование во кои се разликуваат и доминацијата на овие бракови во руралните области од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…

Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…

Утре е Ден на жалост во БиХ

Владата на округот Брчко на Босна и…

ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…

Согласно барањето за помош што Владата на…

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…

Трагедија во Јабланица: Брачна двојка загуби осум…

Заменик-министерката за човекови права и бегалци на…