Би Би Си: Украина нема да присуствува на американско-руските разговори во Саудиска Арабија

Украинските власти нема да присуствуваат на руско-американските разговори што ќе се одржат во Саудиска Арабија во наредните денови, дознава Би-Би-Си.
Владини извор за Би-Би-Си вели дека Украина не е поканета и нема да испрати делегација.
Според информациите двајца од најблиските советници на Трамп за надворешна политика – Мајк Валц и Стив Виткоф – вечерва ќе отпатуваат во Саудиска Арабија пред разговорите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано предупредува дека нема да прифати каков било договор без учество на неговата земја.
Европските лидери пак утре ќе се соберат во Франција на вонреден самит, поради напорите на САД да се договорат со Русија за ставање крај на војната во Украина.
Тоа доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела за да разговара за можен договор.
По хаотична недела, Зеленски се обидува повторно да ја потврди својата позиција, пишува Би Би Си.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Би Би Си: Украина нема да присуствува…
Украинските власти нема да присуствуваат на руско-американските…
Малолетник нападнат во Гази Баба
Денеска (16.02.2025) во 00:45 часот во СВР…
Нови престрелки со огнено оружје во метрото…
Една личност загина во саботата навечер во…
Позната содржината на прашалникот од САД до…
Соединетите држави побараа од своите европски сојузници…
(Видео) Рама: Албанија нема да прифати палестински…
Албанскиот премиер Еди Рама на Минхенската безбедносна…