Благајник од струшко четири години сам си ја зголемувал платата

t

Педесет и осум годишен жител на струшкото село Драслајца доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, го оштетил Буџетот на Завод за нефрологија над 342 илјади денари.

– Р.Л., во својство на благајник-вработен во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година, секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата со што го оштетил буџетот на болницата стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…

Бројот на починати во државата во изминатата…

(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…

Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…

(Видео) Арсовска: Вики, не глуми, какво поткровје…

Ова е објава за читање за сите…

Американски разузнувач: Супербомбата на Пентагон можеби е…

Поранешниот американски разузнавачки службеник, Метју Шумејкер, предупредува…

Цеца овој пат спиела: Двајца прилепчани фрлиле…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца…