Објавено на:

Благ пад на бројот за новозаразени од Ковид-19: Две лица се починати

t

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека во последните 24 часа се направени 2100 тестови, а регистрирани се нови 957 случаи на ковид-19: Скопје – 487, Битола – 70, Кавадарци – 44, Куманово – 40, Охрид – 39, Прилеп – 36, Велес – 32, Тетово – 31, Ресен – 22, Штип – 18, Кочани – 16, Струга – 13, Струмица и Неготино – по 12, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 10, Крива Паланка – 8, Радовиш и Дебар – по 7, Берово, Валандово и Кратово – по 5, Крушево – 4, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Свети Николе , Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (957), регистрирани се 210 реинфекции.

Регистрирани сe 616 оздравени пациенти од: Скопје – 300, Битола – 48, Кавадарци – 37, Куманово – 32, Прилеп и Велес – по 30, Тетово и Кичево – по 18, Свети Николе – 12, Струмица и Штип – по 11, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 9, Неготино – 8, Гостивар и Ресен – по 7, Охрид, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Струга, Берово, Пробиштип ,Богданци, Крушево , Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Штип (71г) и Струга (91г), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.

Направени се 2100 тестови преку: ИЈЗ-373, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-43, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–128, Жан Митрев (Филип Втори)-23, Авицена-100, Биотек-122, Систина-49, лабораторија Лаор-19, Синлаб-22, Ремедика-8, Плодност-21, Генеа-8, Никоб Лаб-86, ВФВ Медикал-7, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 873.

Досега во земјата се направени вкупно 2 110 711 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324 382, бројот на оздравени пациенти е 310 377, на починати е 9361, а бројот на активни случаи изнесува 4644.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…

За десетина дена ќе стигне донација од…

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…

Две лица починале: Регистрирани се нови 213…

Од 19 до 25 август, тестирани се…

Зголемување над 60 проценти на болни од…

Од 12 до 18 август во државава…

Десеткратно зголемување на бројот на заразени од…

 Во текот на месец јули, пријавени се…