Објавено на:

Блер: Се ближи крајот на ерата на западната политичка и економска доминација

t

Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека ерата на западната политичка и економска доминација се ближи кон крајот поради рускиот напад врз Украина и подемот на Кина како „втора суперсила” во светот.

Тој рече дека западните сили мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да ја задржат својата воена надмоќ.

Според Блер, „бруталната и неоправдана” инвазија на Владимир Путин врз Украина покажа дека Западот повеќе не може автоматски да очекува големите светски сили да се придржуваат до прифатените меѓународни норми.

„Како резултат на постапките на Путин, повеќе не можеме да се потпреме на кинеското раководство дека ќе се однесува на начин што го сметаме за рационален“, рече тој.

„Не ме сфаќајте погрешно. Не велам дека Кина во блиска иднина ќе се обиде со сила да го заземе Тајван. Но, не можеме да ја засноваме нашата политика врз сигурност дека тие нема да го сторат тоа“, изјави Блер.

Тој рече дека најголемата геополитичка промена на овој век ќе дојде од Кина, а не од Русија.

– Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација, рече Блер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тони Михајловски разочаран: Ми дојде желба да…

Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил…