Објавено на:

Близок соработник на Кремљ предлага изградба на „Путин–Трамп“ тунел под море кој ќе ги спојува Русија и САД

t

Русија и Соединетите Американски Држави треба да изградат железнички тунел „Путин-Трамп“ под Беринговото Море што би ги поврзал двете земји, би започнал заедничко истражување на природните ресурси и би „симболизирал единство“, рече Кирил Дмитриев советник на Путин, пишува „Москва Тајмс“.

Предлогот на Кирил Дмитриев, инвестициски советник на Путин и раководител на државниот фонд РДИФ, се однесува на проект за изградба на железница од 112 километри вредна осум милијарди долари што би ја финансирале Москва и меѓународните партнери.

Дмитриев ја презентираше идејата во четвртокот по телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, за време на кој тие се согласија да се сретнат во Будимпешта.

Долгата историја на идејата за поврзување на континенти

„Врската помеѓу САД и Русија под Беринговото Море е одраз на долгогодишна визија, од железницата Сибир-Алјаска од 1904 година до рускиот план од 2007 година. РДИФ ги анализираше постојните проекти, вклучувајќи ја и железницата САД-Канада-Русија-Кина, и ќе го поддржи оној што е изводлив“, напиша Дмитриев на X.

Беринговиот теснец, кој е широк 82 километри на најтесната точка, го одделува рускиот регион Чукотка од Алјаска. Идејата за поврзување на двете територии е стара 150 години, но никогаш не е реализирана.

Дмитриев посочи дека тунелот може да го изгради градежната компанија „Боринг компани“  во сопственост на Илон Маск. Ниту Маск ниту Трамп досега не го коментираа предлогот.

Дмитриев потсети дека за време на Студената војна се појавила слична идеја, Мостот на мирот Кенеди-Хрушчов, и објави нацрти на проектот од тоа време, како и графички приказ на можната рута на тунелот Чукотка-Алјаска, пишуваат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Близок соработник на Кремљ предлага изградба на…

Русија и Соединетите Американски Држави треба да…

Шукова: Скопјани на 19 октомври да гласаат…

Граѓаните на Скопје на 19 октомври да…

Путин доби ветување од Орбан дека Будимпешта…

Рускиот претседател Владимир Путин добил ветување за…

Приведени двајца крадци и еден измамник во…

На 16.10.2025 во 21:00 часот, полициски службеници…

САД се повлекуваат од планот за „томахавките“,…

Наместо испорака на крстосувачки ракети „томахавк“ со…