Објавено на:

Блинкен во ненајавена посета на Киев: Помошта од 2 милијарди долари ја потврдува нашата посветеност

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во ненајавена посета на Киев во време кога американската администрација најави нова воена помош вредна над две милијарди долари за Украина и другите европски земји загрозени од Русија.

На состаноците со високи украински претставници, Блинкен рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден го информирала Конгресот за својата намера да обезбеди две милијарди долари долгорочно воено финансирање за Украина и 18 нејзини соседи, вклучително и членките на НАТО и регионалните безбедносни партнери кои се „потенцијално најмногу во ризик од идна руска агресија“.

Се очекува предлогот да биде одобрен од американскиот Конгрес, а според него, една милијарда долари од вкупната сума ќе оди во Украина, а остатокот ќе биде поделен меѓу Албанија, Босна, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грузија, Грција, Косово, Летонија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија, објави Стејт департментот.

Помошта ќе биде дадена за да им се помогне на тие земји „да одвратат и да се одбранат од новите закани за нивниот суверенитет и територијален интегритет“ преку зајакнување на нивната воена интеграција со НАТО за да се спротивстават на „руското влијание и агресија“, додаде Стејт департментот.

„Оваа помош уште еднаш ја покажува нашата непоколеблива посветеност на иднината на Украина како демократска, суверена и независна земја, како и на безбедноста на сојузниците и партнерите во целиот регион“, се вели во соопштението.

Странското воено финансирање (ФМФ) им овозможува на оние кои го добиваат да набават воена опрема произведена во САД, во зависност од специфичните потреби.

Одделно од оваа помош, САД објавија дека е одобрена нова транша помош во вредност од 675 милиони долари за Украина за тешко оружје, муниција и оклопни возила. Ова го соопшти американскиот министер Лојд Остин претходно денеска на конференција со сојузниците во американската база Рамштајн во Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…

Зеленски: Европа не може да ја спаси…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…