Блинкен во Тел Авив: Визијата за мирот е долго блокирана, но е единствен пат напред
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Тел Авив ги повика Израел и Палестинците да ги смират тензиите и повтори дека одамна блокираната визија за мир е „единствениот пат“ напред.
– Одговорност на сите е да преземе чекори за смирување на тензиите, а не да ги разгоруваме, истакна Блинкен.
Тој наведе дека минатонеделниот напад врз синагогата во Ерусалим „беше повеќе од напад врз поединци, тоа беше и напад на универзалниот чин на практикување на својата вера“.
– Ги осудуваме сите оние кои слават какви било акти на тероризам што одземаат невини животи, без оглед кој е жртва или во што верува, наведе Блинкен, додавајќи дека повиците за одмазда против невини жртви не се одговор.
Претходно, Блинкен во Каиро изјави дека Вашингтон и понатаму цврсто верува во преговараното решение „две држави како единствен пат кон трајно решение на конфликтот“.
Блинкен денеска во Каиро разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси за начините за намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците, како дел од тридневната посета на земјите од Блискиот Исток. За утре е предвидено Блинкен сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николова: Хаос со актите во образование, се…
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Европа верува дека Иран го преместил ураниумот…
Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè…
Половина од учениците со сите петки не…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
(Видео) Страшно невреме во Франција – двајца…
Најмалку две лица загинаа, а 17 се…