Блинкен: Ескалација на тензиите на Блискиот Исток не е во интерес на ниту една страна
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонски разговор со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток „не е во интерес на ниту една страна“, истовремено нагласувајќи ја потребата од прекин на огнот во Газа. соопшти утрово Стејт департментот.
„Секретарот ја потврди посветеноста на Соединетите Американски Држави за безбедноста на Израел и разговараше за тоа како ескалацијата не е во интерес на ниту една страна“, се вели во соопштението, а пренесе Ројтерс.
Блинкен ја истакна итната потреба да се постигне прекин на огнот во Газа што ќе ги ослободи заложниците во Газа и ќе создаде услови за поширока регионална стабилност.
Ризикот од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток се зголеми по неодамнешните убиства на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Иран и на воениот командант на Хезболах Фуад Шукр во Бејрут.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ковачевски: На изборите ќе се има…
На изборите во 2024 година ќе имаме…
Кремљ: Се ближи крајот на западно центричниот…
Кина и другите растечки економии го достигнуваат…
Протекоа информации за тоа што им кажал…
Борбите не можат да траат со месеци,…
Блинкен ќе ја истакне лидерската улога на…
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе…
Блинкен призна за несогласувањата во Стејт департментот…
Државниот секретар Антони Блинкен призна дека постојат…