Објавено на:

Блинкен за украинскиот напад на Кремљ: Сè што доаѓа оттаму би го прифатил со голема резерва

t

„Ја видов таа информација. Не можам да ја потврдам“, рече шефот на американската дипломатија и додаде „Сепак, сè што доаѓа од Кремљ би прифатил со голема претпазливост“, вели Блинкен за денешното соопштение на Кремљ за украинскиот напад на претседателската палата во Русија.

Блинкен, кој ја даде изјавата на конференција за слободата на печатот организирана од весникот „Вашингтон пост“, одби да шпекулира бидејќи не бил запознаен со фактите.

Активистите кои беа во салата накратко го прекинаа разговорот барајќи слобода за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж кој веќе четири години е во затвор во Лондон и ја чека пресудата на судот откако ја обжали одлуката на британскиот суд да го екстрадира во Вашингтон за откривање доверливи документи.

Денеска Блинкен повторно повика на ослободување на американскиот дописник на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович, кој беше уапсен во Русија под обвинение за шпионажа.

Истовремено, државниот секретар ја обвини Москва дека „неправедно ги затвора американските граѓани“ за да има средства за притисок, „што е неприфатливо“, а последица од таквите постапки е што „Русија на тој начин станува уште поизолирана“.

Покрај тоа, тој изјави дека во Русија повеќе нема американски новинари.

Блинкен уште еднаш изрази жалење поради протекувањето на тајните американски документи за украинскиот отпор на руската агресија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Вашингтон пост“ објавено вчера изјави дека за протекувањето документи дознал од медиумите, а не од официјален Вашингтон.

„Му изразив жалење за неовластеното објавување на тие документи, што го сфаќаме многу сериозно“, рече Блинкен, одбивајќи да разговара за содржината на документите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…