Блинкен: САД имаат план за Украина
Американските власти направија јасен план за Украина, за нејзиниот иден развој, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, сумирајќи ги резултатите од годината.
„Имаме многу јасен план кој ќе обезбеди Украина да застане на свои нозе економски, воен и демократски“, рече шефот на Стејт департментот.
Овој план претпоставува дека Украина повеќе нема да треба да издвојува пари во сегашните износи, истакна тој. Блинкен нагласи дека првиот чекор е да им се помогне на властите во Киев – „да преживеат оваа зима, пролет и лето“.
„Треба да ја продолжиме нашата поддршка за да и помогнеме на Украина да дојде до фаза каде што може да застане на свои нозе“, рече тој.
Според него, САД успеале да привлечат инвестиции во Украина и да го развијат својот приватен сектор за да може Киев да се финансира. Привлекувањето инвестиции ќе ја зголеми даночната основа, така што Украина ќе има повеќе можности да се финансира.
Минатата недела, портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, рече дека САД ќе мора да изберат помеѓу сопствената борбена готовност и испраќање оружје во Украина. Тој појасни дека Вашингтон сега има средства во износ од 4,4 милијарди долари за помош на Киев и 1 милијарда долари за надополнување на сопствените резерви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…
САД и Велика Британија ги повикаа нивните…
Амбасадата на САД во Бејрут и британската…