Објавено на:

Блинкен со повик до Израел: Натамошната ескалација ќе го отежне враќањето на цивилите дома

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му порача на Израел дека натамошната ескалација на конфликтот само ќе го отежне враќањето на цивилите дома.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека за време на разговорот со израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер ја истакнал важноста од постигнување договор за дваесет и еднодневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан.

„Тој нагласи дека натамошната ескалација на конфликтот само ќе ја отежне целта – враќањето на цивилите“, се наведува во соопштението и се додава дека разговарале и за напорите за постигнување прекин на огнот и во Газа.

Израел вчера ги отфрли повиците на меѓународната заедница за примирје во конфликтот со Хезболах, со што му пркоси на својот најголем сојузник – Вашингтон. Тие, исто така, продолжија со нападите во кои загинаа стотици луѓе во Либан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блинкен со повик до Израел: Натамошната ескалација…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му порача…

Трамп сепак ќе се сретне денеска со…

На долгата прес-конференција одржана пред куп американски…

За многу години: Денеска се празнува Крстовден

На овој ден се празнуваат два настани…

Млад насилник дивеел во Гази Баба, мавтал…

22-годишен жител на скопската населба Гази Баба…

Свекор нападнал снаа во Кисела Вода

Жителка на скопската општина Кисела Вода вчера…