“Блиц”: Вранишковски симболично се прости од богослужбата – Ќе се пензионира поради здравствени проблеми
Во црквата Свети Сава во Белград денеска со заедничка литургија беше официјализиран чинот на враќање на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), под канонско покровителство на Српската патријаршија, по половина век раскол. Со литургијата заедно служеа српскиот патријарх Порфириј и охридскиот архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан. На литургијата за помирување, покрај нив, учествуваа и архиереите на СПЦ и тројца митрополити на МПЦ-ОА.
На литургијата говореше и архиепископот охридски и митрополит скопски Јован Вранишковски, кој „рекол дека единството на СПЦ и МПЦ-ОА е постигнато поради 20-годишната жртва на свештенството, монаштвото, а особено верниот народ кој со години се криеле во приватни куќи и подруми, кои биле богослужбени места на Охридската архиепископија“.
Тој денес порачал да им се оддаде признание и почит на архиереите од МПЦ-ОА на чело со г.г. Стефан кои, како што вели, ги издржале неразумните и противцрковните притисоци на јавноста во Македонија.
Како пишува „Блиц“, „тој со оваа беседа симболично се простил од богослужбата, бидејќи треба да се пензионира поради лошата здравствена состојба, која била нарушена со повеќегодишната затворска казна“.
-Не знам кога бев порадосен, дали кога го примав томосот за автономија за Православната охридска архиепископија од раката на патријархот Павле или денеска на заедничката литургија, додал Вранишковски.
-Останатите тројца епископи Марко, Давид и Јоаким, кои се соработници на Вранишковски, треба да добијат управа или некој од манастирите во Северна Македонија, па ќе го задржат епископскиот чин или ќе добијат епархии во рамките на Охридската архиепископија, пишува српскиот весник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да му помогнеме на малиот Јован –…
Јован е две годишно детенце, близначе на…