Блокадата на границата со Макeдонија би било контрапродуктивнa за Софија – смета шефицата на бугарската дипломатија
Македонија
360степени | 17 јуни, 2026 17:17
Изјавата на министерката Велислава Петрова-Чамова следува откако бугарската Фондација „Македонија“ објави дека во недела два часа ќе ги блокира трите гранични премини со земјава за демонстративно да реагира на „агресијата што Скопје ја врши врз Бугарите“
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, смета дека блокадата на граничните премини со Северна Македонија би било контрапродуктивно за Софија. Нејзината изјава следува откако претходно денеска бугарската Фондација „Македонија“ објави дека во недела два часа ќе ги блокира трите гранични премини со земјава за демонстративно да реагира на „агресијата што Скопје ја врши врз Бугарите“.
Според неа, ваквите иницијативи не се поврзани со активностите на владата на Бугарија и не придонесуваат за заштита на националниот интерес, додавајќи дека Софија нема интерес за ескалација на тензиите со земјава.
„Разбирам дека постои можност невладините организации или други структури да организираат вакви настани, но од наша страна е важно да одржиме многу цврст став со јасно изразени права за кои се залагаме. Нема потреба дополнително да се влегува во каналот на ескалација и да се одговара на секој случај во кој има таква провокација. Во секој случај, ваквите акции ќе бидат контрапродуктивни“,
изјави министерката за надворешни работи на Бугарија.
Според Петрова-Чамова, Бугарија има доволно дипломатски механизми преку кои ги штити правата на Бугарите во Северна Македонија и ги брани своите позиции пред европските институции.
Претходно денеска, бугарската Фондација „Македонија“, чиј претседател Виктор Стојанов, има забрана за влез во земјава на неопределено време, објави дека во недела организира двочасовна блокада на трите гранични премини на Бугарија со Северна Македонија како реакција на последниот инцидент со палењето на двете дипломатски возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје.
Бугарската Фондација „Македонија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Блокадата на границата со Макeдонија би било…
Македонија 360степени | 17 јуни, 2026 17:17…
Мицкоски: Очекувам да биде расветлена заднината на…
„Јас не би избрзувал со какви било…
ЕП ПАДНА НА ИСПИТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА: Историјата…
Амандманот 3, предложен од известувачот Томас Вајц,…
Вработен во ЕВН пронајден починат во кривопаланечко…
Вработен во ЕВН пронајден починат во кривопаланечко…
Салим Курто, по потекло од Скудриње, претседател…
Македонскиот државјанин, Салим Курто, по потекло од…