Блок тарифите за струјата ќе се пресметуваат на дневна основа

t

Граѓаните не треба да се грижат ако пресметковниот период за издадената фактура за струја е подолг од 30 дена, затоа што пресметките за тоа во која блок тарифа влегуваат, ќе се прават на дневна основа, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

– Првата блок тарифа ќе биде до потрошени 210 киловат-часови во скапата тарифа за еден месец. Но, граѓаните нека не се грижат ако на пример, место за 30 дена, рокот на пресметка биде за 40 дена. Тоа не значи дека така, поради подолгиот пресметковен период, ќе влезат во поскапата тарифа. Овие 210 киловати се делат на 30 дена, што значи дека дневната потрошувачка во најниската тарифа е 7 киловат-часови. Ако пресметковениот период е 40 дена, тоа значи дека тие имаат можност да влезат во најниската траифа со 280 киловат-часови. Потоа над тие киловати, потрошувачката ќе се смета во вторатата тарифа – објасни Бислимоски.

Тој обелодени и дека се подготвува нова регулатива според која Електродистрибуција место како сега што има обврска да ги чита струјомерите еднаш годишно, ќе има обврска да ги чита најмалку 4 пати.

Според сегашниот предлог кој се уште е на разгледување, ќе има 4 блок тарифи. Првата блок тарифа ќе се однесува на корисниците кои трошат до 210 киловат часови електрична енергија во високата тарифа, вториот блок ќе биде за потрошувачите што трошат до 420, третиот од 421 до 630 и четвртиот над 630 киловат часови во висока тарифа за еден месец. Според предлогот, потрошената струја во најнискиот блок ќе се плаќа 35 отсто поевтино од сега, а оние со потрошени над 630 киловат часови скапа струја, ќе ја плаќаат цената на струјата слична на индустриската, односно на онаа што е на слободниот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…

Дел од Општина Карпош утре без струја

Во текот на утрешниот ден, без електрична…

Без струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи по…