Објавено на:

Блумберг: САД размислуваат да изградат воена база близу Газа

t

Американската војска ја разгледува можноста за изградба на привремена воена база во близина на Појасот Газа, со капацитет за 10.000 војници, како дел од планот за формирање меѓународни сили кои би го надгледувале примирјето меѓу Израел и Хамас, дознава Блумберг.

Според барањата на американската морнарица, испратени до список на избрани изведувачи, се бара проценка на трошоците за „привремена, самоодржлива воена база способна да издржи 10.000 лица и да обезбеди 10.000 квадратни метри канцелариски простор за период од 12 месеци“.

Според американски функционер, барањето претставува рана фаза од планирањето за можна база во јужен Израел, наменета за меѓународни стабилизациски сили.

Во документот, испратен на 31 октомври, потенцијалната локација е наведена како „во близина на Газа, Израел“, а крајниот рок за одговори беше 3 ноември, според неименувани извори запознаени со планот.

Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, изјави дека документот не е официјално одобрен, нарекувајќи го „предлог на хартија даден од поединечни припадници на војската“.

Портпаролот на израелската војска, потполковник Надав Шошани, изјави дека „нема конкретни информации“ за американските планови, додавајќи дека Израел „ја разгледува иднината на Газа заедно со Американците и другите партнери“.

Во документот се наведува дека изведувачот мора да обезбеди „целосно решение „клуч на рака“, вклучувајќи храна за сите членови, водоснабдување, управување со отпад, електрична енергија, комуникациска мрежа и медицински услуги.

САД веќе некое време се обидуваат да обезбедат меѓународна поддршка за испраќање странски трупи во Газа, со цел да се помогне во спроведувањето на кревкото примирје постигнато минатиот месец.

Силата, наречена „Меѓународни сили за стабилизација (ISF)“, ќе работи заедно со Израел и Египет за да ја обезбеди територијата и да го олесни процесот на реконструкција по повеќе од две години конфликт.

Од потпишувањето на примирјето, кое го надгледуваше претседателот Доналд Трамп, САД веќе распоредија дополнителни ресурси во регионот, вклучително и команден центар со околу 200 американски и меѓународни војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блумберг: САД размислуваат да изградат воена база…

Американската војска ја разгледува можноста за изградба…

Орбан: Средбата Трамп-Путин е одложена, но не…

Русија и САД се способни да постигнат…

Вучиќ: Не го продаваме просторот каде што…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека…

Во САД уапсени 55 педофили

Ширум американската сојузна држава Масачусетс приведени се…

САД ги замрзнаа разговорите со Русија за…

Дијалогот меѓу САД и Русија за елиминирање…