Бобинки, јаболка и банани за здраво срце
Кардиолозите велат дека за срцето е најдобро да јадете секој ден бобинки, јаболка и банани.
– Сепак, секое овошје може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок, атеросклерозата, како и за зацврстување на самите артерии – рекол за „Парада“ кардиологот Дипак Вивек.
Овошјето има различни хранливи вредности и здравствени придобивки, а д-р Вивек и другите кардиолози ги откриваат своите омилени оброци за зајакнување на здравјето на срцето. Вивек рекол дека сака јаболка, бидејќи тие се добар извор на антиоксиданти, влакна, витамин Ц и калиум – а исто така имаат низок гликемиски индекс, така што помагаат во намалувањето на ризикот од дијабетес тип 2.
– Мислам дека ми даваат посебна енергија, но и ги спречуваат грчевите во мускулите – објаснил д-р Вивек, пренесува „Њујорк пост“.
– Се покажа дека влакната го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол, два главни показатели за ризикот од срцеви заболувања – рекол д-р Сатјит Бусри.
Омилени грицки му се несолените јаткасти плодови, сувотото овошје и бобинките.
– Овошјето како што се боровинки, малини, имаат највисоко ниво на антиоксиданти, кои се одлични за заштита на вашето срце – рекол тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…