Објавено на:

Богатите земји од Г7 ветија 32 милијарди долари помош за Украина

t

Групата богати земји Г7 вети до 32 милијарди долари помош за Украина следната година, соопштија нивните министри за финансии во заедничката изјава денеска додавајќи дека се подготвени да дадат повеќе доколку е потребно.

„Остануваме силно посветени на итните краткорочни финансиски потреби на Украина, рекоа министрите“, охрабрувајќи ги другите донатори да го зголемат својот придонес за земјата разурната од војна.

Ветувањето од 32 милијарди долари од земјите од Г7 вклучува 19 милијарди долари од Европската унија, се наведува во соопштението за медиумите.

Оваа сума или е делумно исплатена или исплатата за Украина е во тек, се вели во соопштението на министрите на САД, Канада, Јапонија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…