Богоев од Тирана: Македонија ги исполни сите критериуми за членство во ЕУ

t

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев беше дел на годинешниот Глобален совет, конференција на IUSY (Интернационална унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци), којашто оваа година се одржува во Тирана, соседна Албанија.

Богоев се осврна на актуелните случувања во Европа и во регионот, низ призма на земја кандидат за членство која ги има исполнето сите критериуми за почеток на преговорите, како што е Република Македонија.

Економскиот раст, перспективи за младите и запирање на екстремизмот се можни доколку Европската унија го отвори патот за земјите кандидатки за започнување на преговори за членство. Ги имаме исполнето сите критериуми и го заслжуваме тоа. Во контекст на воената агресијата врз Украина, вредно е да се напомене дека интеграцијата денеска е и безбедносно порашање, за стабилност на целиот регион, порача потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во обраќањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…