Богојески откако стана директор: Прифатив не затоа што е лесно, туку токму поради комплексноста и сериозноста на задачите
Овој предизвик го прифатив свесно и одговорно, не затоа што е лесен, туку токму поради комплексноста и сериозноста на задачите што произлегуваат од образовниот сектор, особено во рамките на европските образовни програми, вели Петар Богојески откако доби директорска функција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус“.
„Искрено благодарам за довербата што ми е укажана од страна на членовите на Управниот одбор. Би сакал да изразам благодарност и почит и кон мојот противкандидат за конструктивното учество во јавната постапка, како и кон досегашниот директор за неговата посветеност и придонес во развојот на Агенцијата.
Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската Комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска. Во согласност со новите професионални ангажмани, моите позиции како професор на Воената академија во Скопје и на Универзитетот за мир на Обединетите Нации ќе бидат привремено ставени во мирување, иако ќе продолжам активно да учествувам во наставниот процес и да работам со студентите. Со задоволство ве поканувам на прес-конференцијата што ќе ја одржам наредната недела, на која ќе бидат детално презентирани приоритетите, стратегиските насоки и плановите за работа кои заедно со мојот тим ќе ги спроведеме во рамките на Националната агенција“, напиша Богојески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има…
(Фото+Видео) Се бараше во јама до 70…
Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски,…
(Видео) Петар кој ја насмеа Македонија стана…
Петар е детето кое ја насмеа македонската…