Богојески ќе предава на Воена академија

t

Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, денеска на социјалните мрежи објави дека ќе стане дел од наставниот кадар на Воената академија „Михајло Апостолски“.

– Почитувани граѓани,

Со особено задоволство и почит кон вас, Ве известувам дека денес бев избран во наставно – научно звање од страна на ННС на Воена Академија – Скопје.

Со тоа и официјално сум дел од наставната фела на оваа највисоко реномирана, научна и образовна институција!

Во исто време, продолжувам со научната и образовна дејност на Универзитетот за мир на Обединетите Нации, ЊуЈорк, САД.

Се гледаме наскоро и во служба на народот…

Со почит,

д-р Богојески – стои во објавата на Фејсбук.

Богојески си заминува од позицијата директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност е по директива од Брисел. Инфомакс уште пред неколку недели доби информации дека до Министерството за образование и наука и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност едека имаат рок од 30 дена да исполнат низа таксативно наброени услови доколку не сакаат суспензија или целосно затворање на агенцијата во Македонија и прекин на поддршката од Брисел.

Меѓу условите, според нашите извори е и промена на директорот, Петар Богојески, кој денеска соопшти дека поради „надградбата на коалицискиор договор“ си заминува од таа позиција.

Како што дознава Инфомакс на 25 мај во МОН добиле писмо од Европска комисија, дека имаат 30 дена рок за агенцијата да не добие суспензија да ги спроведе корективните мерки, покрај забелешката за промена на директорот, од Брисел не се задоволни и дека не е покренат случај за злоупотреба на 2,2 милиони, пари кои се испумпувани пари од повеќе училишта преку една организација, стар случај за кој веќе има кривична пријава.

Медиумите претходно во 2024 година пишуваа за поврат на 2,2 милиони евра кој ќе треба да го изврши Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за средства злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“.

Националната агенција, минатата годинс добила известување за конечност на одлуката откако претходно на 30 ноеври 2023 година по електронска пошта од Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) биле информирани за барањето за поврат.

Оваа информација тогаш ја соопшти тогашниот директор на Агенцијата, Марко Ѓоргиевски.

Што следува доколку нашата држава не ги исполни условите од Брисел? До 2027 нема да имаме средства кои инаку ги добиваме од ЕУ, освен средствата за плати на вработените. Дополнително ангажираните со договор за дело ќе останат без работа, бидејќи за нив нема да добиваме средства за исплата на платите.

Исто така можно е Брисел да бара да се вратат средствата кои ги добиваме од 2020 година до денес, што е околу 7 милиони евра годишно или 35-40 милиони евра.

Инфомакс претходно испрати прашање до Европската Комисија, оддел за образование, дали е точно дека Брисел бара промена на директорот и дали ни се заканува целосно затворање на Канцеларијата.

– „Европската комисија е известена од Министерството за образование на Северна Македонија за назначувањето на нов директор на „Националната агенција за европски образовни програми и мобилност“ во Северна Македонија.

Оваа агенција, назначена од Министерството за образование и наука, е одговорна за спроведување на програмите Еразмус+ и Европски корпус за солидарност под индиректно управување во Северна Македонија.

Комисијата (Европската комисија) не беше вклучена во процесот на избор и номинирање (на директорот). Комисијата контактираше со националниот орган во Северна Македонија и изрази загриженост во врска со ова назначување поради потенцијални судири на интереси и етички прашања, врз основа на неколку законски рамки, вклучувајќи ја Регулативата Еразмус+, Регулативата за Европски корпус за солидарност, Финансиската регулатива на ЕУ и Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Северна Македонија.

Комисијата е во понатамошен дијалог со властите на Северна Македонија. Комисијата е посветена на почитување на највисоките етички и морални стандарди во корист на сите учесници во овие програми. Доколку овие забелешки не се решат соодветно, Комисијата е подготвена да ги оствари своите права според правото на ЕУ.“ – стои во одговорот од Брисел за Инфомакс.

„Неофицијалните муабети“ во МОН се дека како замена за Богојески на таа позиција ќе биде назначен поранешен директор, со кој веројатно повторно ќе има проблем бидејќи средствата кои претходно ги спомнавме, а Македонија ги враќаше во Брисел, се од време на неговото претходно директорување.

Инаку, согласно Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност е, Управниот одбор го назначува директорот.

За избор на директорот се објавува јавен оглас во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Директорот се избира за време од пет години и може повторно да биде избран само уште еден мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има…

Ќе се формира регионална академија за сајбер…

Американскиот универзитет на Европа – ФОН во…