Бог да чува… Коста Кецмановиќ плачел за сестрата и сакал да и подари цвеќе и чоколада за 8 март
Најмладиот сериски убиец во светот, како што го нарекуваат медиумите Коста Кецмановиќ, момчето кое лани во мај изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, деновиве покажало емоции, но не кон своите малолетни жртви и нивните семејства.
Како што објави српска „Република“, тој плачел во својот кревет на Клиниката за психијатрија и неврологија за деца и младинци и се пожалил дека ја нема неговата сестра, па побарал од вработените да му кажат како е таа. Тој рекол дека сака да ѝ купи подарок за 8 март.
-Иако секојдневно покажува ладнокрвност и рамнодушност кон злосторството што го изврши, тој сепак понекогаш прашува каде е и што прави неговата сестричка. Тој дури побара од вработените да му дозволат да ѝ испрати цвеќиња и чоколада за Денот на жената на сестра му, објаснува извор запознаен со случајот.
Изворот додава дека тоа не е сè што Коста сакал да ѝ приреди на сестричката по повод празникот на жената. Тој направил и честитка во која напишал дека не ја заборавил и дека мисли на неа.
– Без размислување рече дека му недостигаат вујко му, кучето и сестра му. Не ги спомена мајка му и татко му. Не покажа никакво жалење што им го уништи животот на родителите, вели изворот.
Но, како што наведува понатаму медиумот, кај него повторно била забележана загриженост и страв.
-Тој се надева дека во одреден момент ќе биде ослободен од институцијата каде што е сместен. Сега се плаши дека ќе остане без ништо материјално откако слушнал дека на неговите родители им се суди и дека сè што имаат ќе треба да се даде за обесштетување, посочува „Република“, повикувајќи се на изворот.
Момчето-убиец почнало да сфаќа дека по тужбата на родителите на настраданите деца, на име обесштетување на неговото семејство ќе му биде одземено сè.
– Сè уште е убеден дека ќе се извлече, а најголем страв му е дека тогаш нема да има ништо, истакнал изворот.
Како што е познато, 27 лица, членови на семејствата на убиените деца поднесоа тужба против родителите на Коста Кецмановиќ. Тужбата се однесува на надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпен страв.
Судот ќе одлучи по тужбеното барање и дури по завршувањето на граѓанската постапка ќе донесе одлука дали целосно или делумно ќе го прифати барањето на семејството, или евентуално ќе го одбие.
Уште во јуни лани, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во донесе решение со кое на предлог на семејствата на убиените деца на Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето убиец, му се забрани да отуѓува и оптоварува недвижен и движен имот во негова сопственост.
На 3 мај лани, во 8:40 часот, тогаш 14-годишниот Коста Кецмановиќ, влезе во основното училиште „Владислав Рибникар“ и наместо да седне во својата клупа го застрела школскиот чувар, а потоа уби три девојчиња во ходникот. Крвавиот поход го продолжи во кабинетот по историја каде што имало час неговото одделение, при што усмрти шест ученици и рани наставничката и уште пет деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…
Собранието денеска ги усвои измените на Законот…
НАД 216 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ!
Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства…
(Видео) Страшни пожари беснеат на грчкиот остров…
Вонредна состојба беше прогласена на третиот ден…
Османи: Извештајот на Вајц бара да се…
За опозициската партија ДУИ, извештајот на известувачот…