“Боже чувај ја кралицата”: Англиските фудбалери заборавија дека имаат нов монарх
Навивачите на Англија забележаа дека нивната репрезентација на чело со Мејсон Маунт ја пее химната на погрешен начин, односно фудбалерите пееле „Боже чувај ја кралицата“ пред мечот со Иран на Светското првенство.
Додека ја пееше националната химна, 23-годишниот фудбалер како да заборави дека има нов монарх , кралот Чарлс Трети.
Набргу по почетокот на натпреварот, навивачите на социјалните мрежи го критикуваа играчот од средниот ред на Челзи дека кажал погрешни зборови.
„Мејсон Маунт пее „Боже чувај ја нашата кралица“. Кој ќе му каже?“, напиша еден фан на Твитер.
Зборовите на националната химна на Англија се менуваат во зависност од тоа дали кралот или кралицата се на тронот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 147 лица се уапсени во немирите…
Најмалку 147 лица се уапсени откако демонстрациите…
Осум луѓе избодени со нож во Англија
Британската полиција уапси маж откако тој избоде…
Победникот на вечерашното европско првенство ќе добие…
Шпанската фудбалска репрезентација вечерва има можност да…
Спортско попладне: Финале на Вимблдон, па финале…
Денеска со почеток во 15 часот се…
Шпанскиот репрезентативец Jамал стана најмладиот стрелец…
Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана…