Божиновски: Ако дозволи мисијата не ЕУ во државичево да клајме по едно кафе, само нека кажат во колку сатот…
Битолчанецот Божидар Божиновски на Фејсбук ги коментира денешните изјави на евроамбасадорот Гир и американската амбасадорка Агелер кои посочија дека уставни измени ќе има, дека нема да има предвремени парламентарни избори, дека е важна борбата со корупцијата.
Во продолжение двата последователни Фјебсук статуси на Божиновски:
– “Избори ќе има во 2024-та” – мисија на ЕУ во државичево
Шо е и веројатно точно пошто со секоја сила ќе се држат овие на власт, последен пат се таму, наредно ќе е којзнае кога, а и дали ќе е. Многумина веројатно и последни години на слобода ги живеат па или ќе пробаат да скријат траги или да доуништат шо останало, пошто нивната арогантност не дава можност пред нив и после нив да постои нешто, светот почнува и завршува со нив.
“Ќе биде направено сѐ за да продолжи патот кон ЕУ” – амеpиканcка амбасада
Е то малку потешко пошто сѐ предвидува и да нѐ снема па нема баш сѐ да биде направено. Не се сомневам дека ќе има многу притисоци и кон пратеници, а и кон вработени во државно, кон сите кои се против уставните промени, да бидат замолчени, уплашени, уцените ама во секој случај тие нема да се случат.
Ко велеше премиерчето дека ова ќе е најтешка зима од втората светска војна мислев зборува за економска и енергетска криза, а не за окупатори на власт и нивната гнасна рака. Ама добро, ако е втора светска војна годинава е 1944-та, а после неа не завршија добро окупаторите. Не учат историја, затоа така лесно ја продаваат и ги прават истите грешки.
Ако дозволи мисијата не еу во државичево да клајме по едно кафе, само нека кажат во колку сатот… – пишува Божиновски на Фејсбук.