Божиновски: Вакви мекотели сме сон на секој диктатор – Да им го направеше ова некој на Албанците немаше да помине само со јајца

t

Божидар Божиновски на Фејсбук упати критики за недоволно силната реакција на отварањето на бугарските клубови ширум Македонија.

– Ќе го цитирам Агим Јонуз, оти ако го кажам јас ќе испаднам албанофоб, пак. “Да им го направеше ова некој на Албанците немаше да помини само со јајца”. И прав е. Ваква збирштина на мекотели ко шо сме ние се сон на секој диктатор. Не е ни чудо Турците 5 века шо останале овде. И сами си заминаа, да беше до нас уште ќе ни беше Анкара главен град, напиша Божиновски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ