Божиновски за бугарскиот клуб: Ламбе ги затвори уште пред 9 месеци, само сега стигна написмено

t

Централниот регистар на Македонија денеска сподели добра вест, и официјално формално престана да постои бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов”.

Божидар Божиновски се присети на палењето на клубот од страна на македонскиот естраден уметник Ламбе Алабаковски пред неколку месеци и на Фејсбук напиша:

– Ламбе ги затвори уште пред 9 месеци, само сега стигна написмено… – напиша Божиновски на Фејсбук.

Причината за престанок на клубот е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството.

Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март.

Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не може против народот: Ламбе е…

Истече притворот за македонскиот поп пејач Ламбе…