Божиновски: Кој е гревот на Боки 13? За разлика од многу други криминалци тој плаќа за неговите дела – Нели треба да сме еднакви пред законот?

t

Бојан Јовановски, обвинет во случајот “Рекет” денеска беше пренесен во болница откако бил претепан во затворот “Идризово”.

Божидар Божиновски на Фејсбук посочува дека реакцијата за ваквата случка е слаба, односно отсуствува во јавноста и додава дека доколку Јовановски бил партиски затвореник ќе имал поддршка барем од неговата партија.

– Боки 13 е еден од ретките во државава чие достоинство како човек е одземено од јавноста. Да беше некој од затворениците на партиите на негово место претепан ќе имаше бар партиска поддршка, вака сложно сите против еден. Кој е гревот на Боки? За разлика од многумина кои направија криминали и сега се почитувани членови на општеството, хуманитарци и друге пичкематерине Боки за својот криминал лежи. Приватниот живот? То е негово право, каков и да е е негов живот.

Со месеци и тој и адвокатот негов предупредуваат на реваншизам и дека ова ќе се случи. Институциите, нормално, не реагираат. Пред законот, барем на слово, треба да сме сите еднакви.

Кај ќе ни беше крајот вака на сите криминалци кои ни го загорчија животот да се реагираше… – напиша Божиновски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ