Божиновски: Кој му кажал на братот на Денис Тот дека брат му починал од срцев удар и немало траги на насилство?

t

Битолчанецот Божидар Божиновски во неколку наврати ги коментираше случувањата околу смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот.

“Излегоа снимките од сигурносните камери од убиството на Тот. Свирепо, одвратно, убиство. Убиство кое пред очи ни покажува и каде живееме како луѓе и нелуѓе и кскви институции имаме.Она што се гледа е дека не е еден удар.

Повеќе удари по глава. Дали такви удари можат да не направат видливи повреди? Многу тешко. Убијците се свирепи и да се надеваме ќе го добијат заслуженото. Околу нив има неколку луѓе што не ни мрдаат со прст да го спречат тепањето. Дури и откако ќе избегаат овие и тие само заминуваат… Тажно е до каде стигнавме како луѓе.

Дали се работи за прикривање или страшна некоординација меѓу институциите останува да видиме. Што и да е од двете мора да има одговорност. Затоа што тие 48 часа му дозволија на еден од убијците да избега. И останува прашањето кој го известил брат му на убиениот Тот дека починал од срцев удар…” – напиша Божиновски.

Линк од Фејсбук профилот: https://www.facebook.com/1512444198/posts/10228266549718217/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ