Божиновски: Очекував опозицијата да не дозволи гласање, ама моето мислење и реалноста се друго
Сите кои овие 10 дена се понашаа ко да живеат во Шведска денес не се чудат шо изгласале сдсм туку зошто опозицијата не гласала против. Иако е добар спин, логично е прашањето.
Колку шо објаснуваат немало потреба да се дел од тој чин затоа што исходот би бил ист. Што не е далеку од вистината. Би биле надгласани. Дали е исправно или не, нивна работа сепак од втора најголема партија, која како шо видовме лесно го анимира членството, се очекуваше повеќе отпор. Искрено мислев дека нема да остават ни да се случи гласање со физички блокади, блокади на државата ама моето мислење и реалноста се друго.
Остануваат 73% од народот, некои го партии, некои не, од сите народи и вери сплотени околу “НЕ” за ваквото предавство. И тој процент само ќе се зголемува кога ќе Софија ќе си дојде по своето што им го ветиле.
Смрт на фашизмот, слобода на народот
* Фејсбук статус на Божидар Божиновски