Божиновски со поддршка за министерката Славјанка Петровска: Психичкото здравје е важно и не треба да е табу
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, вчера на седница за поставување на пратенички прашања постави прашање дали ќе се разреши министерката за одбрана, Славјанка Петровска, поради тоа што “во Владата имаме министер на седативи и без желба за работа”.
Министерката на истата седница ги демантираше таквите обвинувања и напади кон неа, а поддршка доби и од еден од најголемите критичари на власта, Божидар Божиновски.
– Поддршка за Славјанка да издржи во нападите од страна на Ковачки! Цело време зборуваме дека психичкото здравје е важно и не треба да е табу, а некои го табуизираат и етикетираат за истото. Факт е дека Славјанка во минатата година нема еден скандал, а како работи не знам, ретко има вести за армијата што кај нас значи нема многу лошо за пишување.
Шо не носи до следните две точки – гласноста на оние анални алпинисти кои го правеа истото пред некоја година за вмровците, а денес се посветени за заштита на приватноста и здравјето на другите. Дури и имаат пароли ”Ако ова го прави вмро од опозиција што ќе прават од власт”. Вие ќе го донесете вмро на власт и народот побрзо би го трпел тоа отколку вас. Не ви е вас ни за Славјанка, ни за вмро, туку шо вас ве чека Идризово. И ќе ве дочека.
Втората точка е тоа што Славјанка е член на партијата со најгнасната фарма на ботови, поврзани мрежи со “новинари” и ”активисти за слобода” кои такви проценки за неистомисленици вадат од ракав на дневно ниво. Ги знаете кои се, ги имаше со име и презиме. Истите тие нешто ќе се згрозени денес, а не се ништо подобри, напротив многу по гнасна работа вршат. Ама за ликови од канализација толку е.
То шо сдсм го прави истото шо го прави Ковачки не ги амнестира ни едни, ни други. Само е уште еден дел што ги прави исти, колку и да сакаат да мислат дека се нешто поинакви, напиша Божиновски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…
Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…
Славјанка е новата министерка за одбрана?
Новиот лидер на СДСМ и мандатар за…