Боки 13 ги поздрави “пријателите”: Ме избришавте од листата на живите кога влегов во затвор ама и тука сум скоцкан!
Боки 13, на социјалните мрежи објави емотивно писмо на Инстаграм во кое пишува за неговите таканеречени пријатели кои го избришале од листата на живите од кога е во затвор.
„Кога ме притворија и затворија многу од моите таканаречени пријатели, роднини, другари и соработници ме избришаа од листата на ЖИВИТЕ… како небаре да сум мртов и да ме закопале, а не притвориле и затвориле…
Па така занесени во сопственото лицемерие и хиенски потреби, едни велеа дека не ме познаваат, други дека ме познавале само од телевизија, трети велеа дека ми биле но дека повеќе не ми се пријатели и дека они биле шокирани кога дознале што сум правел (а ништо не сум правел и ништо не сум им направил и токму тие први ме осудија, баш тие кои што сум се обидувал да ги направам луѓе иако биле обични штетни крлежи закачени на мојата кожа) , четврти ме испокрадоа, петти се дистанцираа најмизерно од мене а добро им беше кога земаа огромни плати, а еден голем дел се оние, најодвратните, кои што ми се лигушеле најполтронски во “нормалниот” свет, а потоа се наслудуваа на мојата ситуација велејќи “убаво му направија, малку му е” е на таквите полтрони им посакувам истото мое “убаво” да го доживеат на сопствена кожа за да почуствуваат колку е убаво…“, е објавено на профилот од Боки 13.
Во писмото се додава: Сите овие погоре опишани, лицемери, крлежи, лопови, мршојадци, лешинари, го занемариле фактот дека нивното лицемерие, гадотија и нечовечност, денеска се моја мотивација! Мотивација да продолжам со дигната глава, да се борам и да успеам во својата борба, со Божја волја и помош а не со нивна! За волја на вистината со мене во моите најтешки моменти покрај мајка ми и татко ми останаа само неколку луѓе кои можат да се избројат на прсти, но верувајте ми дека сум благодарен што ги имам и тие малку по бројка, но премногу по квалитет и значење, нека се сите тие живи и здрави и од срце им благодарам што покажаа дека сеуште имало и по некој човек….Фала ви од се срце!!! Благодарам и на оние луѓе кои што не ги познавам лично а ми пружиле поддршка искрена и од срце, верувајте во ситуација во која се наоѓам, секој убав збор, планина вреди, затоа ви благодарам.
Скоцкан сум и од затвор… тоа ви пречеше , ви пречи и нека ви пречи, ако е тоа главниот проблем во нашата држава, тогаш ние сме навистина среќно и успешно општество!!! Скоцканиот “криминалец” го фативте… смешни сте!“. – пишува Боки 13.