Боки 13: Каменувајте ме и мачете ме на плоштад, можеби тогаш ќе ви се задоволи крволочната жед – Вие сте хиени ама јас сум лав и ќе се борам до крај!
Првообвинетиот во случајот Меѓународен сојуз, Бојан Јовановски познат како Боки 13, на Фејсбук ја коментираше како што вели тој драконската казна.
Јовановски беше осуден на 9 години казна затвор, го пренесуваме неговиот Фејсбук статус во целост:
“НЕ , ОВА НЕ БЕШЕ ДРАКОНСКО КАЗНУВАЊЕ, ОВА БЕШЕ КЛАСИЧНО ИЖИВУВАЊЕ ОД ПОЗИЦИЈА НА МОЌ!!!
ДЕНЕСКА ТОРТУРАТА И ОДМАЗДОЉУБИЕТО ЈА ПОСТИГНАА КУЛМИНАЦИЈАТА КОЈА ЌЕ ОСТАНЕ ЗАПАМЕТЕНА ВО ИСТОРИЈАТА НА МЕКЕДОНСКОТО ПРАВОСУДСТВО!!!СО МОЈА КОМПЛЕТНА АНАЛИЗА НА ДЕНЕШНАТА ПРЕСУДА И ЗА СИТЕ ДРУГИ ПОЗНАТИ И НЕПОЗНАТИ, ВИДЛИВИ И НЕВИДЛИВИ ОКОЛНОСТИ ПОВРЗАНИ СО ОВИЕ СУДСКИ СЛУЧАИ ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ СЕ ОБРАТАМ НА ЈАВНОСТА!!!
ОВАА ПРАВОСУДНО-ХИЕНСКА МИЗЕРИЈА ПРЕТОЧЕНА ВО НЕЗАКОНСКА И КРИМИНАЛНА ПРЕСУДА ЈА ЗНАЕВ ОДНАПРЕД, БИДЕЈКИ ОДЛИЧНО ИМ ЈА ПОЗНАВАМ МЕТОДОЛОГИЈАТА И НАЧИНИТЕ НА НИВНОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ. ОД ТИЕ ПРИЧИНИ БАРАВ ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈАТА И УТВРДУВАЊЕ НА НЕЈЗИНА ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕЈЗИНО НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ, НО ПОРАДИ ТОА ШТО СИТЕ СЕ ЕДЕН СИСТЕМ НА СВРЗАНИ САДОВИ РЕЗУЛТАТОТ БЕШЕ ОДНАПРЕД ЈАСЕН! ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ ИЗЛЕЗАМ СО КОНКРЕТНИ ФАКТИ КОИ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД ОПШТАТА И СТРУЧНАТА ЈАВНОСТЈАС ДЕНЕСКА БЕВ НЕВИН, ОДГОВОРНО ТВРДАМ НЕВИН, ОСУДЕН НА 9 ГОДИНИ ЗАТВОРСКА КАЗНА, ОКЕЈ БРАВОО!!!
ДЕНЕСКА БЕВ ОСУДЕН ПОРАДИ МОЈОТ НЕСПОРЕН ИНТЕЛЕКТУАЛЕН КАПАЦИТЕТ, ТАКА ОБЈАСНУВАШЕ И СЕ ПРАВДАШЕ СУДИЈАТА СОФЧЕ ВО НЕДОСТАТОК НА ДОКАЗИ, БРАВО СУДИЈА, ОВА Е ЗА ПРВ ПАТ ДА СЕ СУДИ НЕЧИЈ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН КАПАЦИТЕТ А НЕ СТОРЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО!!!ЈАС ВЕЧЕРВА ВО ЗАТВОРСКИОТ КРЕВЕТ ЌЕ СИ ЛЕГНАМ СО ЧИСТА СОВЕСТ, А ВИЕ САМОНАРЕЧЕНИ БОГОВИ НА ПРАВДАТА, КРИМИНАЛЦИ И КОДОШИ КАКО ЌЕ ЗАСПИЕТЕ???
ЗАПАМЕТЕТЕ, НЕЧИСТАТА СОВЕСТ Е ПОЛОША ОД БИЛО КОЈА ЗАТВОРСКА КАЗНА !!!ВИЕ СТЕ ХИЕНИ И СТЕ ЧОПОР, НО ЈАС СУМ ЛАВ И ЌЕ СЕ БОРАМ ДО КРАЈ !!!
П.С ДА ВИ ДАДАМ ЕДЕН ПРЕДЛОГ ИТНО И ВЕДНАШ ДА НАПРАВИТЕ ИЗМЕНИ ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК И НАМЕСТО КАЗНИВЕ ЗАТВОР ШТО МИ ГИ ДАВАТЕ ОД РАКАВ, ДА МЕ КАМЕНУВАТЕ И МАЧИТЕ НА СРЕДЕ ПЛОШТАД, МОЖЕБИ ТОГАШ ВАШАТА КРВОЛОЧНА ЖЕД ЌЕ БИДЕ КОНЕЧНО ЗАДОВОЛЕНА!!! ДА ЖИВЕЕ ИНКВИЗИЦИЈАТА ВО 21 ВЕК!!!
Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски. Објавено од администратор на профилот – напиша администраторот на профилот на Јовановски.
Линк до Гејсбук статусот: https://www.facebook.com/1604203291/posts/10225122083871595/