Болна работа: Киднапирана Шпанка со денови држена и силувана во хотел во Струга
Триесет и деветгодишна жителка на Шпанија, барана со потерница од Интерол, вчера е пронајдена во хотел во Струга, соопшти СВР Охрид.
Според информацијата на портпаролот Стефан Димоски, полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка ја пронашле К.М.Т., која по извршен разговор посочила дека без нејзина согласност била држена затворена во хотелската соба.
Во Струга пристигнала преку Тирана по претходен договор со Ш.С.(29) од струшкото село Радолишта, по што Ш.С. без нејзина согласност неколку дена ја држел затворена во хотелска соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи. Вчера во 21 часот и 30 минути во полициската станица – Струга приведен е Ш.С. и со него извршен е службен разговор, изјави денеска Димоски.
За случајот, додаде, бил известен Јавен обвинител и по целосното расчистување ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…