БОЛНА РАБОТА: 15-годишници во Грција силуале врсник!

t

Полицијата на грчката престолнина Атина уапсила шестмина 15-годишници за силување на нивен врсник, а по уште двајца е распишана потерница, објави грчката јавна телевизија ERT.

Случајот предизвика големо негодување во грчката јавност, а министерот за заштита на граѓаните Такис Тедоракис го опиша инцидентот како „незамисливо бесчовечен случај“.

Истрагата покажала дека група од осум 15-годишни тинејџери повеќе од еден месец, од почетокот на ноември, повеќепати силувале врсник и тоа го снимале на нивните мобилни телефони. Снимките ја препраќале на телефоните на пријателите и соучениците, а жртвата била постојано малтретирана и заплашувана да молчи.

Како што беше објавено во прилогот а ERT, родителите во одреден момент сфатиле дека нешто не е во ред со нивното дете. Петнаесетгодишникот собрал храброст и им раскажал за кошмарот кој го преживувал. Потоа, била контактирана полицијата која привела шестмина а по уште двајца нивни врсници и соучесници започнала потрага.

Според сознанијата на атинската полиција, еден од двајцата бегалци се префрлил веќе во Албанија од каде што потекнувал.

Обвинителството ги товари приведените за низа кривични дела. Но еден од нив морало да биде пуштен на слобода со ограничено движење, поради тоа што сѐ уште немал наполнети 15 години.

Биле извршени претреси во нивните домови, запленети мобилните телефони со видео-снимки, како и помало количество наркотици. Според информациите од истрагата, сите приведени ги признале сексуалните дејствија, но без употреба на насилство.

Властите, исто така, ја истражуваат улогата во насилството на четири тинејџерки на 15 и на една на 14-годишна возраст, кои наводно биле присутни во текот на тортурите и групното силување на нивниот врсник, објави ERT.

Според телевизискиот канал OPEN, дури и искусни полицајци со долг стаж биле шокирани кога тинејџерите во своја одбрана рекле дека „тоа било шега“ и „тоа било само за забава“.

Министерот Теодоракис, во чија надлежност е полицијата, во обраќањето на јавноста преку медиумите апелираше до грчкото општество да се мобилизира и да спречи во иднина вакви инциденти.

„Незамисливо нехуманиот случај на повеќекратно силување на малолетник од осум негови врсници нѐ шокираше сите нас. Грчката полиција ја извршува својата должност со откривање и истражување на криминални дела. Но за силно чувствителното прашање за насилството меѓу малолетниците сите мораме да се мобилизираме пред ваквите настани да станат дел од полициските извештаи. И, во прв ред, својот придонес да го дадат родителите и наставниците“, истакна Теодоракис во објавата на социјалните мрежи.

Министерот, исто така, ги повика медиумите и целото општество во овој случај да ја покажат неопходноста внимателност во овој деликатен случај и заштитата на приватноста и чувствата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Силен земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според…