Објавено на:

Бомба во Атина: Организацијата „Револуционерна класна самоодбрана“ ја презеде одговорноста

t

За експлозијата на бомба во петокот вечерта пред канцелариите на грчката компанија „Hellenic train“, како и за експлозијата во близина на Министерството за труд на Грција во февруари 2024 година, одговорноста ја презеде левичарско-терористичка организација под името „Револуционерна класна самоодбрана“, јави дописничката на МИА од Атина.

Револуционерна класна самоодбрана е нова екстремистичка група, а во опширниот текст објавен на анархистички сајт, организацијата ја презеде одговорноста за двете бомби и „овие две дејствија ги посветуваат на палестинскиот народ и неговиот херојски отпор“.

Во текстот, меѓу другото се осврнуваат на масовниот протест на 28 февруари по повод двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи со 57 загинати, пишуваат дека дилемата за која треба да одберат став е „истата дилема, иако со различни размери, како онаа со која се соочуваат народите и пролетаријатот од целиот свет кога се соочени со опасноста од тиранијата: ланци или оружје“ и повикуваат „одлучно да го избереме второто“.

Во петокот вечерта беше поставен експлозивен механизам пред објектот во кој се наоѓаат канцелариите на грчката компанија „Hellenic train“ во центарот на Атина, а на експлозијата и претходеа два предупредувачки телефонски повици во два медиуми.

Бомбата била поставена во ранец, а експлозијата предизвика материјална штета.

На почетокот на февруари минатата година беше поставен експлозивен механизам во близина на Министерството за труд на Грција, а и тогаш на експлозијата ѝ претходеше анонимен тефлонски повик.

Според грчките медиуми, полицијата открила многу сличности во двата напади, а сега самата организација ја презеде одговорноста за двете бомби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…