БОМБА ОД БГНЕС: Петков сакал да го тргне ВЕТОТО!
Бугарскиот премиер Кирил Петков по повеќемесечни ветувања, затајувања, манипулации, меѓусебни обвинувања меѓу коалициските партнери и обиди за заплашување на неистомислениците, конечно призна дека навистина подготвува кревање на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, објави БГНЕС.
Како што јавува агенцијата, Петков во интервју за бТВ, „во свој типичен нејасен и не баш артикулиран стил, призна дека долго време ја оставил министерката за надворешни работи Генчовска и нејзиниот тим сами да ги поместуваат работите со Северна Македонија“. Во исто време, тој со ентузијазам го изрази својот оптимизам за резултатите што ги постигнаа Генчовска и нејзиниот тим минатата недела, опишувајќи ги како „голем напредок“. На прашањето пак, која е неговата цел пред еден месец да побара од претседателот да го свика Консултативниот совет за национална безбедност, тој се откажа и рече дека сака да ги информира другите партии за новите предлози, кои се идентични со она што тимот на Генчовска досега го има постигнато. Сето ова наведува до тоа дека дека предлозите што ги подготвил Кирил Петков и неговиот тим биле „сугерирани“, веројатно од заинтересирани надворешни фактори, на преговарачкиот тим на МНР.
Во оваа смисла, „повлекувањето“ на Петков од темата е само привидно и манипулативно, со јасна цел да се остави впечаток дека компромисот дошол од самите дипломати. Кирил Петков истот ака навести и дека компромисот што се подготвува ќе биде „невиден успех“ за Бугарија, бидејќи вклучувањето на Бугарите во уставот на РСМ ќе се случи пред првата меѓувладина конференција на ЕУ за Македонија (што е вистински почеток на преговорите), а тоа би го гарантирала Европа. БГНЕС потсетува дека веќе објавиле дека подготвениот договор пред бугарското општество ќе биде претставен како огромна победа и целосно преклопување на условите за симнување на ветото од претходната позиција. Но, се додава во текстот, тоа не е точно.
Во текстот исто така се потсетува дека сегашната бугарска позиција е целосно заснована на многу јасно опишани услови и фази во Рамковната позиција на Бугарија од октомври 2019 година, поддржана со декларација на Националното собрание и два Консултативни совети за национална безбедност под претседателот.
Главното место во Рамковната позиција го има темата за заедничката историја и прекин на фалсификатите за заедничките историски личности и настани.
Јасно наведени услови за закажување на првата меѓувладина конференција се согласноста на Заедничката историска комисија за договорени историски наративи за Гоце Делчев, Илинденското востание и ВМРО/ВМОРО, како и усвојувањето распоред од страна на скопските власти за промена на учебниците по историја, во која треба да се внесат договорените наративи.
Дополнително, предвидено е да се договорат конкретни датуми за заедничко одбележување на настаните и личностите за кои е постигнат договор. Последно, но не и најмалку важно, условот за славење на настани и личности за кои е постигнат договор, политичките личности, претставниците на државните институции во Македонија, како и медиумите финансирани од државниот буџет, да ги засноваат своите официјални изјави и коментари на текстовите договорени од Историската комисија.
„Експлицитно споменатите предуслови се почеток на процесот на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунистички режим, репресирани поради нивната бугарска самосвест; започнување процес за објавување на соработниците од денешна Македонија на службите за безбедност на поранешна Југославија; преземање систематски мерки за отстранување од плочите и натписите на спомениците, плочите и текстови по објектите кои отворено поттикнуваат омраза кон Бугарија – на пример, оние кои содржат квалификации како „бугарски фашистички окупатор“, се додава во текстот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…