Објавено на:

Бомба од Ројтерс: Србија прифатила да ѝ испрати оружје на Украина

t

Србија, единствената европска земја која одби да воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, се согласила да го снабдува Киев со оружје или веќе испратила оружје, се вели во доверлив документ на Пентагон, пренесува Ројтерс.

Документот, збир на одговори од европските влади на барањата на Украина за воена обука и оружје, е меѓу десетиците доверливи документи објавени на интернет во последните неколку недели, што може да биде најсериозното оддавање на американски тајни во последните неколку години, според Ројтерс.

Насловен „Европа/одговор на тековниот руско-украински конфликт“, документот ги наведува позициите на 38 европски влади како одговор на барањата на Украина за воена помош.

Списокот покажува дека Србија одбила да обезбеди обука за украинските сили, но ветила дека ќе испрати оружје или веќе го испратила. Се наведува и дека Србија има политичка волја и воена способност во иднина да и дава оружје на Украина.

Документот е класифициран како доверлив и НОФОРН (Не треба да се дозволи пристап за странски државјани), кој забранува негово дистрибуирање до странски разузнавачки служби и војска. Датира од 2 март и го носи печатот на канцеларијата на Здружениот штаб.

Ројтерс не можеше независно да ја потврди автентичноста на документот. Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ и Амбасадата на Украина не одговорија веднаш на прашањата на Ројтерс, како и Пентагон, кој претходно одби да ги коментира објавените документи.

Утрово српскиот министер за внатрешни работи го демантираше ваквиот документ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…