Борел го осуди насилството во Косово
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, истакна дека ЕУ најостро го осудува „шокантното насилство во Звечан“, повикувајќи ги косовските власти и демонстрантите да ги намалат тензиите.
Борел на Твитер изјави дека „насилните дејствија извршени врз војниците на КФОР, цивилите и припадниците на полицијата“ се апсолутно неприфатливи.
„ЕУ силно го осудува шокантното насилство во Звечан. Насилните дејствија извршени врз војниците на КФОР, медиумите, цивилите и полицијата се апсолутно неприфатливи. ЕУ ги повикува косовските власти и демонстрантите веднаш и безусловно да ја намалат тензијата“, нагласи Борел.
Тој додава дека ЕУ очекува од партиите да се однесуваат одговорно и веднаш преку дијалог да најдат политичко решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Харадинај: Секој што ќе ги загрози американските…
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово,…
Петковиќ: Курти сака само војна и хаос
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…
Курти: Мостот на Ибар ќе биде отворен,…
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека…
(Видео) ГОЛЕМ ПОЖАР на Шар Планина од…
Пожарот што со денови беснее во градот…
ЕУЛЕКС: Ја следиме безбедносната ситуација во Косово
Мисијата ЕУЛЕКС, во согласност со својот мандат,…