Борел: ЕУ се ослободи од енергетската зависност од Русија
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, тврди дека ЕУ целосно успеала да ја надмине енергетската зависност од Русија.
„За неколку месеци ја елиминиравме енергетската зависност од Руската Федерација, која ја создаваме со години“, вели тој во интервју за весникот „Диарио“.
„Поминавме низ исклучително напната фаза на раст на цените, но тие се вратија на предвоените вредности“, рече Борел.
„Цената на мегават-час се врати на предвоениот период, кој веќе беше многу висок. Но, остриот врв во август беше главно поттикнат од шпекулативните тензии на пазарите“.
Според него, тензијата на енергетскиот пазар повеќе не може да се поврзува со настаните во Украина.
„Ова е структурен проблем во енергетскиот сектор, особено во односот меѓу цените на гасот и електричната енергија“, рече Борел. Тој изрази надеж дека Европската комисија наскоро ќе добие предлог со цел да се поправи ситуацијата.
Сепак, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто најави дека снабдувањето со енергија на Унгарија не може да се гарантира без нафта и гас од Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…