Објавено на:

Борел предупредува: На повидок е војна во Европа, ова не е мала работа

t

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека војната во Европа е на повидок.

Замисливме дека сме во свет со круг на пријатели по падот на Берлинскиот ѕид, а тоа беше заменето со огнен прстен меѓу нас, нестабилност од Сахел до Блискиот Исток, Кавказ и Балтикот, да не гледам подлабоко во Африка. Огнен прстен околу нас, рече Борел за време на форумот „Нова економија“ во Мадрид.

Тој истакна дека ова е сега многу важен момент во изградбата на Европа бидејќи војната е на хоризонтот и дека тоа не е мала работа.

Според него, најдобар начин за зајакнување на НАТО е зголемување на европските одбранбени капацитети.

ЕУ нема да има заедничка армија во догледна иднина, а одбраната ќе остане одговорност на членките, истакна Борел.

Тој предупреди дека можноста за конвенционална војна со висок интензитет во Европа „веќе не е фантазија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…