Борел се закани со нови санкции: Ако Белорусија прифати руско нуклеарно оружје, тоа ќе биде закана за цела Европа
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска оцени дека доколку Белорусија го прифати руското нуклеарно оружје, тоа би значело неодговорна ескалација и закана за европската безбедност.
„Белорусија сè уште може да го запре тоа, тоа е нивен избор“, напиша тој на Твитер.
Според Борел, ЕУ е подготвена да одговори со нови санкции.
Денеска Москва и Минск договорија распоредување на тактичко нуклеарно оружје од Русија на територијата на Белорусија. Двете земји имаат исклучително добра соработка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…