Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро официјално ќе ја признаат Палестина
Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро официјално ќе ја признаат државата Палестина, што би можело да ги поттикне и другите земји од ЕУ да го сторат истото, изјави денеска високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Тој потврди дека добил гаранции од шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес дека Мадрид официјално ќе ја признае Палестина на 21 мај.
Борел рече дека Белгија сега нема да ја признае независна Палестина, но дека Брисел „не ја исклучува“ таа можност во иднина, пренесува шпанска РТВЕ.
Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во четвртокот изјави дека Владата на Словенија ја започнала процедурата за „признавање на независната, суверена држава Палестина“.
Фајон објасни дека одлуката на словенечката влада се заснова на границите меѓу Израел и Палестина од 1967 година, што значи дека територијата на Палестина би ги опфаќала Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Францускиот МНР: Франција е решена да ја…
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро…
„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…
Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…
Израел се закани дека доколку европските земји…
Израелските министри наводно ги предупредија клучните европски…
Само Македонија и Чешка гласаа во ОН…
На седницата на Советот за човекови права…
Израел формира директорат за раселување на Палестинците…
Израелското Министерство за одбрана вчера објави дека…